Intel стартува фонд од 100 мил. долари за развој на апликации

Intel ќе стартува инвестициски фонд вреден 100 милиони долари наменет за компании кои развиваат апликации и софтвери што работат на повеќе платформи и уреди. Целта на овој инвестициски фонд е да се подобри присуството на Intel на пазарот на мобилни уреди. Инвестициите ќе бидат спроведени од страна на Intel Capital, како дел од AppUp програмата.

AppUp е платформа која Intel ја стартуваше минатата година со цел да им помогне на девелоперите да креираат апликации кои ќе работат на повеќе платформи и уреди. AppUp се фокусира на новата HTML5 технологија, и со тоа олеснувајќи го креирањето на апликации наменети за повеќе платформи. Платформата AppUp моментално има 25.000 програмери.

Првичната инвестиција од 45 милиони долари ќе ја добијат 12 компании во наредните два дена. Дел од овие компании се мобилната софтверска платформа Urban Airship, и 4tiitoo, германска компанија одговорна за таблет компјутерот WeTab и оперативниот систем WeTab. Питер Бидел, на Глобалниот самит на Intel, изјави дека и програмерите на другите платформи можат да аплицираат за фондот.

Intel исто така планира да инвестира и во Happiest Minds Technologies и TeliBrahma од Индија; Outblaze Venture Holdings, Miartech и MakePolo.com од Кина; Neosem, SNSplus и Insyde Software од Јужна Кореја; и OneBe и G-cluster од Јапонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии