Intel Rocket Lake-S ќе работат на Z490 чипсетот

Доколку ја пратите ситуацијата во светот на процесорите, веројатно знаете дека Intel се познати по тоа што секоја нова генерација на процесори, диктира нов чипсет и нови матични плочи. Но, доколку може да им се верува на Gigabyte, ова ќе се смени со наредната, 11та генерација на процесори, кои треба да работаат на Z490 матичните плочи.

Целата работа почна од фактот што Gigabyte најавија дека нивните Z490 плочи ќе имаат поддршка за PCIe gen 4.0. Со оглед на тоа дека 10тата генерација на Intel нема поддршка за PCIe gen 4.0, многу луѓе се прашуваа која е причината за ова. Од Gigabyte најавија дека функционалноста на PCIe gen 4.0 засега ќе е ограничена.

Но, голема е веројатноста 11тата генерација на Intel процесори да имаат поддршка за PCIe 4.0, па можноста да добиеме поддршка за нив на Z490 плоча се чинеше се поголема. И иако ова сé беа шпекулации до пред скоро, претставници на Gigabyte ја потврдија информацијата.

На livestream кој беше всушност Q&A, еден од гледачите праша дали Z490 плочите ќе имаат поддршка за новите Rocket Lake-S процесори, а еден од претставниците одговори “Да.”. Иако одговорот беше со малку двоумење, а и самиот претставник додаде дека веројатно ваквата информација не треба да е достапна на јавноста, ова се одлични вести а сите корисници кои планираат нова конфигурација базирана на новите Intel процесори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии