Intel претстави нов 56-јадрен Xeon Platinum 9282 процесор

Дејан Соколоски

во Хардвер

Intel претстави нов процесор за сервер Xeon Platinum 9200. Станува збор за вистински ѕвер кој доаѓа со 56 физички и 112 виртуелни јадра. Компанијата најавува дека овој процесор е наменет за корисниците со потреба за најголеми перформанси. Новите процесори се дел од втората генерација скалабилни процесори на Intel.

Процесорот секако е наменет за сервери и податочни центри. Ова е првиот процесор со Cascade Lake архитектура. Покрај бројот на јадра новиот процесор доаѓа со Optane поддршка, поддршка за побрз DRAM, нови конфигурации и подобра специјализација за различни процесори од серијата. Дополнително за овие процесори направена е хардверска поддршка за намалување на опасностите од Spectre и Meltdown. Со ова иако Intel не ја промени микро-архитектурата во однос на претходната генерација, сепак со поголема безбедност и подобар фокус на имплементацијата, Intel нуди подобри процесори во оваа серија, вели AnandTech.

Xeon 9200 доаѓа со 1 MB L2 кеш по јадро; максимални 38,5 MB L3 кеш меморија; поддршка за DDR4-2933 со поддршка до 1 TB; Optane овозможува брзина од 45 ТB по јадро. Дополнително, процесорот е со моќност од 400 W. Дел од гласините велат дека процесорите би можеле да бидат во продажба по Computex. Xeon 9200 серијата има неколку процесори:

  • Xeon Platinum 9282: 56-јадра/112-виртуелни јадра, 2.6GHz до 3.8GHz, 77MB кеш меморија, 400W
  • Xeon Platinum 9242: 48-јадра/96-виртуелни јадра, 2.3GHz до 3.8GHz, 71.5MB кеш меморија, 350W
  • Xeon Platinum 9222: 32-јадра/64-виртуелни јадра, 2.3GHz до 3.7GHz, 71.5MB кеш меморија, 250W
  • Xeon Platinum 9221: 32-јадра/64-виртуелни јадра, 2.1GHz до 3.7GHz, 71.5MB кеш меморија, 250W

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии