Intel претстави компјутер на стапче

Intel претстави мини PC на стапче кој доаѓа сo Atom Z3735F Bay Trail четири јадрен процесор, а следните генерации на стикот ќе доаѓаат со новите Broadwell Core M јадра. Вообичаено овие стикови овозможуваат пренос на мултимедиумски содржини или телевизија, но Compute Stick наместо ова го претвора телевизорот во таблет компјутер.

Има две верзии во моментов – едната Windows, а другата Linux. Заеднички за двете верзии е процесорот, а останатиот хардвер зависи од моделот. Windows верзијата на стикот доаѓа со 2GB RAM и 32GB слободен простор за 149 долари. Linux верзијата доаѓа со 1GB RAM и 8GB слободен простор, но и чини само 89 долари, а и оперативниот систем е значително помал. За сите на кои им е потребен повеќе простор на мини комјутерот има microSD слот со кој можат да го прошират. Покрај ова стикот доаѓа со USB, Bluetooth 4.0 и Wi-Fi. Compute Stick ќе биде достапен за неколку месеци, кога и ќе започне со испораките, вели ZDNet.

[youtube]cN17NRgupPg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии