„Наместо да се натпреваруваат фер, Intel користел поткуп и принуда да остане доминантен на пазарот.“ вели јавниот обвинител на Њу Јорк, Андрју Кумо.

Претходно најголемата компанијата за чипови во светот, која држи 70 отсто од пазарот, беше казнета од Европската Унија со 1 милијарда евра токму поради нелегалните практики. Како и ЕУ, државата Њу Јорк спровела истрага по поплака од Advanced Micro Devices (AMD), конкурентот на Intel.

Исто како и ЕУ, докази на обвинителот Кумо против Intel се разни документи и мејлови, дел од кои откриваат дека Dell добил 6 милијарди долари меѓу 2002 и 2007 година за да ги користи чиповите на Intel, а не на конкурентите.

Прашани од странските медиуми, Dell и HP одбиле да коментираат, IBM рекле дека работеле законски, а Intel рекол дека ќе се брани. Поврзано со ова, AMD има покренато и граѓанска тужба против Intel која ќе се најде пред суд следната година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии