Intel повторно ќе доцнат со 7nm процесорите

Intel не се во баш најсјајна позиција во моментов. Иако до пред некоја година комплетно го доминираа пазарот на процесори, и десктоп и лаптоп, во последно AMD им зема сé поголем дел од колачот. Сето ова е потпомогнато од фактот што Intel сеуште се “заглавени” на 14nm процесот, додека процесорите на AMD се на поефикасниот 7nm процес веќе некое време.

Пред само неколку дена, Intel најавија дека процесорите кои се базирани на 7nm процес ќе доцнат барем 6 месеци од она што првично беше планирано. Иако истите требаше да пристигнат во втората половина на 2021 година, изгледа дека нема да ги видиме барем до 2022. Причината, како што кажуваат од Intel, е проблем со самиот процес кој го успорува производството.

Како ова да не е доволно, компанијата најави и дека ќе има мало доцнење со десктоп процесорите кои се базирани на 10nm процес. Иако приходите на компанијата се доволни за да ги задоволат инвеститорите, сепак ваквите вести дозволија цената на акциите на Intel да падне до $53.69. Со оглед на тоа дек акциите на AMD не престануваат да растат, и во минатиот петок беа на $63.44, AMD за прв пат има повисока вредност од Intel.

Сето ова се лоши вести за Intel, но било кој што го прати пазарот нема да е изненаден. Компанијата со години се труди да транзиционира од 14nm на 10nm процес, нешто што е проследено со бројни одложувања и проблеми. По последните извештаи, се чини дека има шанса Intel процесорите да останат на 10nm процес уште некое време.

И за крај, како сето ова да не беше доволно лошо, од Intel најавија дека Murthy Renduchintala, одговорниот директор за инженерство, ќе ја напушта компанијата. Renduchintala претходно работеше за гигантот Qualcomm, пред да се префрли во Intel. Привремено, негов наследник ќе биде Josh Walden, додека Intel не најде соодветна замена.

Ова доаѓа како дел од промените во менаџмент кои се случуваат во тимот на Intel. Има поделба на една голема екипа која работеше заедно, на помали тимови, во обид да се посвети повеќе внимание на детали.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии