Intel плати 15 милијарди долари за израелската компанија Mobileye

Најголемиот производител на процесори, Intel е нов сопственик на израелската компанија Mobileye. Со ова компанијата подлабоко влегува на пазарот на автономни возила.

Во следните неколку години компјутерите во автомобилите ќе бидат барем подеднакво моќни како и паметните телефони. Со приближување до автономните возила и потребата од брза обработка на повеќе податоци, компјутерите во возилата ќе бидат уште помоќни.

Mobileye е производител на сензори и камери за автономните возила. Компанијата е производител на едни од најдобрите вакви уреди, и е снабдувач на 27 производители. Со ова Intel е во можност да понуди подобра услуга и интегриран сервис, во сектор кој е еден од најбрзо растечките. Компанијата направи грешка кога го пропушти пазарот на паметни телефони, но се чини дека немаат намера да пропуштат ништо друго.

„За Mobileye придобивките од аквизицијата се тројни. Со средствата на Intel може да го зголемимте портфолиото на хардвер и софтвер, кое сега е значително пошироко од предната камера. Второ Intel веќе има 10.000 вработени во Израел, што значително ќе го олесни спојувањето. Конечно со апсорпција во автотимот на Intel, Mobileye може да соработува директно со повеќе партнери.“, вели Амнон Сашуа од Mobileye за Recode.

Трендот последниов период е производителите на компонентите да креираат партнерства. Ова овозможува наместо компоненти самите да креираат системи или потсистеми кои ќе можат да се вградат во возилата. Mobileye и Nokia беа партнери заедно со BMW. Компаниите работат на план кој ќе ги донесе автономните возила на улиците до 2021. Партнерството тестира 40 возила во Европа и САД.

Проценките се дека секторот во 2025, ќе достигне 25 милијарди долари годишно, вели New York Times. Сепак Mobileye досега има заработено единствено 121 милиони долари, па целата сума која ја плати Intel можеби и делува превисока.

Ова не е прва инвестиција на Intel во оваа индустрија. Компанијата има партнерство со BMW и Delphi Automotive. Дополнително Intel има и 15 отсто учество во Here (порано Nokia Maps).

Производството на компјутери за автономни возила е интересно за речиси секој производител на чипови. Покрај Intel на пазарот се присутни и Nvidia и Qualcomm.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk