Интел овозможи Wifi на 100 км

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Компанијата Интел позната по производство на микропроцесори за компјутери објави модифициран 802.11 радио линк од 6 Mbps со опсег од околу 100 километри. Истражувачите на Интел кои работеа на овој проект успеаја да го прошират опсегот на сигналот благодарение на параболни антени и со RCP (Rural Connectivity Platform) платформа и елементи од мрежи за мобилни телефони.

RCP е еден од истражувачките проекти кој има потенцијал да го прошири користењето на безжични сигнали во тешко достапни географски области, особено во земјите кои се во развој. Идејата позади RCP е да се користи евтина безжична радио опрема која нема да троши многу енергија која ќе се поврзе со жични интернет конекции од градовите.

Проектот е практичен за оние со ниски буџети а големи идеи бидејќи заради големата дистанца на која го пренесува сигналот овозможува помало користење на нодови и со тоа помалку користење на безжична опрема.

Интел работи на RCP веќе две години и успешно го има имплементирано проектот во: Индиа, Виетнам, Панама и Јужна Африка.

Во својата презентација пред само две недели на универзитетот Беркли во Калифорнија, Интел им овозможи на присутните да гледаат во живо пренесување на видео слика преку 5.8GHz RCP конекција со камера оддалечена од над 2 километри.

За повеќе информации, посетете го блогот на Интел.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии