Intel останува со најдобриот гејминг процесор, i7-8700K има одлични оценки

Image courtesy of Intel

Новиот i7-8700K процесор од Intel е најдобриот процесор за гејминг кој е достапен на пазарот. Најголемата надградба во однос на претходникот i7-7700K не е повисоката фреквенција, туку две нови јадра. Новите јадра овозможуваат и подобри резултати при креирањето на содржина, вели ArsTechnica.

Но, иако процесорот е импресивен, не е сосем без проблеми. Зголемениот број на јадра ја зголемува потрошувачката, а проблем е и оверклокувањето. Вториот проблем е финансиски. Новиот процесор не е евтин, а за него е потребна и нова плоча. Дополнително, не е сосем јасно дали и следната генерација, Cannon Lake процесор, ќе може да се користи на истиот сокет.

Процесорот доѓа со 6 јадра и 12 треда (thread). Основната фреквенција е 3.7 GHz, а со буст може да достигнат до: 4.7 GHz со едно јадро; 4.6 GHZ на две јадра; 4.4 GHz на 4 јадра и 4.3GHz на сите шест јадра. Иако најголем дел од корисниците нема да ја користат, процесорот доаѓа со Intel UHD Graphics 630 интегрирана графичка картичка. i7-8700 поддржува и DDR4-2666 меморија. При потполно оптоварување i7-8700K троши 345 W, споредливо со Ryzen 7 1800X, но процесорот од AMD има 2 јадра повеќе.

Сепак, Core i7-8700K е многу брз процесор. Оверклокуван на 5GHz дури и на мулти-тред тестовите го надминува Ryzen 7 1800X.

Добра вест за Intel е дека сè уште го имаат најдобриот гејминг процесор. Процесорот се оверклока до 5 GHz, иако е потребно дополнително ладење и троши многу. За среќа и без ова i7-8700K е многу брз. Лоша вест е дека во инвестирањето е потребна нова плоча, за која овој може да е и прв и последен процесор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии