Intel: Нашите процесори ќе бидат подобри од Samsung

Samsung и Qualcomm се единствените компании кои досега претставија 10 nm процесори. Со оглед на тоа дека станува збор за процесори за мобилни, десктоп ентузијастите со нeтрпение го очекуваат одговорот на Intel и AMD.

Ако AMD само што го презентира Zen, Intel во јануари најави дека 10 nm процесор доаѓа оваа година. По најавата дека 8000 серијата доаѓа на изменета 14 nm архитектура, остварувањето на оваа најава изгледа помалку веројатно.

Сепак Intel ветува дека новите процесори ќе бидат значително подобри од сегашните 10 nm процесори на Qualcomm и Samsung. Ветуваат и 25% подобри перформанси од Kaby Lake и 45% поштедливи процесори, кога електричната енергија е во прашање. Презентацијата е дел од Technology and Manufacturing Day на Intel.

Image: Intel

Дел од слајдовите објаснуваат која е разликата помеѓу 10 nm процесори на Samsung и Intel. Процесорите на Intel имаат погусто распределени транзистори, па нивниот процесор ќе има двапати повеќе транзистори од оној на Samsung.

Интересно е што по подолго време Intel зборува и за цената на процесорот, новата архитектура ќе овозможи 30% предност пред конкурентитe, пренесува Engadget.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии