Intel најави свој оперативен систем за Интернет на нештата

Intel најави сопствена платформа за уредите кои доаѓаат под ознаката „Интернет на нештата“. Платформата ќе овозможи побрз и поедноставен влез на пазарoт за сите уреди кои користат хардвер и софтвер од Intel.

„Интернет на нештата е брзорастечки пазар, но пред него се испречени проблеми со скалабилноста. Со поедноставување на развивачкиот процес и полесно објавување на нови решенија за потребите на пазарот, може да помогнеме да ја забрзаме иновацијата“.

Платформата на идел од почеток доаѓа во соработка со Accenture, Dell, Wipro, NTT DATA, Booz, HCL и куп други компании кои ќе и помогнат на компанијата во популаризација на IoT-платформата. Целта на овие компании е креирање на блокови од екосистемот кој ќе овозможат; интероперабилност, безбедност и конективност. Безбедноста е од клучно прашање кај овие уреди, а Intel ќе ја зголеми со додавање на хардверски и софтверски елементи. Најголеми конкурент на Intel на ова поле повторно е Qualcomm кој веќе издаде отворена верзија на AllJoyn IoT протоколот.

[youtube]LVlT4sX6uVs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии