Intel најави нови процесори за сервер, Cascade Lake Xeon и E-2100

Дејан Соколоски

во Хардвер

Intel претстави два нови процесори кои излегуваат во првата половина на 2019 година. Компанијата ќе направи надградба на Xeon и E-серијата на процесори за сервери.

Новиот Xeon процесор е голема надградба над сегашниот. Cascade Lake доаѓа со максимум 48 јадра и 12 DDR 4 мемориски канали по сокет, со поддршка за 2 сокети. Она што може да се забележи е дека новиот процесор доаѓа составен од повеќе „делови“. Наместо целиот процесор да е изработен од единствено парче, сега се изработува во повеќе делови. На секој дел ќе има неколку процесори. Причината за промената е сѐ поголемата димензија на процесорите и зголемувањето на опасноста од појава на грешка. Со креирање на помали „коцки“ кои потоа се спојуваат се намалува опасноста од грешка, објасни Ars Technica.

Cascade Lake, или барем оваа прва итерација останува 14 nm чип. Она што најверојатно повеќе ги интересира потенцијалните купувачи се перформансите на процесорот. CascadeLake има околу 20% подобри перформанси од сегашната Xeon серија и дури 3,4 пати подобри перформанси од конкурентскиот AMD Epyc.

E-серијата добива нов член Е-2100 кој започнува со продажба веднаш. За разлика од прво претставениот процесор кој е „high end“ E-2100 е почетен модел за корисниците на кои им се потребни мали перформанси. Компанијата вели дека процесорот е наменет за мали и средни компании. Постојат верзии од 4 јадра и 4 процеси(thread), до 6 јадра и 12 процеси. Работна фреквенција на процесорот е 4.7GHz а има поддршка за 64 GB DDR4 (2666MHz), а надградба на BIOS ќе овозможи 128 GB.

Повеќе податоци за Cascade Lake доаѓаат следната недела на конференцијата за суперкомпјутери која се одржува во Далас, Тексас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии