Intel најави нов 56-јадрен процесор на Cooper Lake платформата

Дејан Соколоски

во feature, Хардвер

Image courtesy of Intel

Intel најави нов 56-јадрен Intel® Xeon® Scalable процесор. Пред да почнете да штедите (иако можеби и не е премногу рано) има уште многу време до излегувањето на процесорот во продажба. Intel Xeon Scalable ќе биде достапен од првата половина на 2020 година.

Според најавата, CooperLake ќе биде продолжение на можностите на сегашната Xeon Platinum 9200 серија наменета за оние кои имаат потреба од највисоки перформанси и/или работат со вештачка интелигенција.

Процесорот има двојно повеќе јадра, поголем опсег на меморијата и подобри перформанси на вештачката интелигенција и при „тренирање“ на вештачката интелигенција. Засега не е сосем јасно дали процесорот ќе користи ист слот како Ice Lake, иако во најавата на процесорот е споменато дека Cooper Lake и Ice Lake се компатибилни платформи.

Најмоќниот процесор од оваа серија доаѓа со 56-физички и 112 виртуелни јадра, во „dual-die“ модул. Процесорот доаѓа и со 12 мемориски канали.

Xeon Platinum 9282 ќе доаѓа со 77 MB L3-кеш, a јадрата се со 2,6 GHz работна и 3,8 GHz „boost“-фреквенција. Во оваа серија ќе бидат достапни и 48-јадрен, и два 32-јадрени процесори.

Засега нема премногу податоци за новиот процесор, но без сомневање како се приближува дата на излегување ќе бидат објавени и нови вести.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии