Intel најави графички картички во 2020 година

Intel најави дека во 2020 година компанијата ќе ги издаде своите први графички картички. Станува збор за дискретни графички картички, бидејќи компанијата и досега произведуваше интегрирани графички карти.

Ова на аналитичари им го објави директорот на компанијата Брајан Крзнанич, пренесе MarketWatch.

Секако поголема конкуренција на пазарот на кој засега доминираат Nvidia и AMD е добредојдена. Сепак, сè уште е премногу рано да зборуваме за перформанси на новите графички процесори од Intel.

Она што е извесно е дека новата технологија ќе биде насочена кон развој на серверски решенија. Графичките процесори се далеку подобри за решавање проблеми кои доаѓаат со вештачката интелигенција. Серверите се еден од секторите во кои производителите на компјутери имаат постојана заработка, па инвестирањето во оваа технологија не е изненадување.

Секако ќе биде интересно по неколку години да се видат можностите на графичките на Intel. Моментално речиси целосна доминација на пазарот има Nvidia. Ова не е прв пат Intel да најави графички картички, но претходно го запре развојот пред да видиме било што од решенијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии