Intel: Мини десктоп компјутерите се светла точка во PC индустријата

Продажбата на PC е во надолна линија, и за жал нема никакви најави дека трендот ќе се промени. Но, дури и во овој лош пост-РС период има светли точки. Ова пред се се однесува на мини-РС компјутерите кои во последните години го освоија пазарот, објаснува Лиса Граф од Intel во интервју за Ars Technica за што се должи популарноста на овие уреди во интервју

„Кога запчнавме подобро да разгледуваме видовме дека некои производи се продаваат подобро од другите, се во едно еуредите имаа пораст во продажбата, но продажбата на миниРС беше неверојатна.“

Мини РС уредите, како NUC (Next Unit of Computing), дури наоѓаат примена и кај корисниците кои ги купуваат како Steam Machines конзолите. Сепак најголем дел од продажбата на овие уреди доаѓа од компаниите кои се заинтересирани за овие уреди поради преднистите кои ги имаат пред поголемите десктоп уреди. „Често имаме корисници кои наеднаш купуваат 20.000, 40.00 или 60.000 уреди“, вели Лиса Граф.

Сепак во 2013 Intel забележа интерес за процесорите кои се енергетски поефикасни пред се интересот е поголем за процесорите 35W и 65W. Продажбата на овие процесори во 2013 година е зголемена за 50 отсто во однос на 2012-та. Што се однесува до NUC, Intel предвидува пораст на продажбата од 50 отсто во 2014 и продажба од 1.500.000 уреди. Сепак и покрај падот во продажбата бројот на десктоп компјутери кои се продадени со Intel процесор во 2013-т, е неверојатен – 268,5 милиони. Дури и предвидените 1.500.000 мини-PC уреди во 2014 година се минијатурен дел од вкупната продажба.

[youtube]rD5L2cpfbtA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии