Intel ќе ги спои тимовите кои работат на PC и мобилните процесори

Client Computing Group е нов оддел во Intel во кој ќе бидат споени тимовите кои работат на развој на процесори за десктоп и лаптот и одделот за развој на процесори за мобилните платформи таблет компјутери и паметни телефони. Спојувањето на PC и мобилната група кои работат на развој за процесори, е показател за се помалите разлики помеѓу процесорите. Групата е дизајнирана за подобра комуникација помеѓу развојните тимови и за подобра комуникација со производителите, јави Wall Street Journal, повикувајќи се на интерен имејл од Брајан Крзанич, директор на компанијата. Според аналитичарите, Intel се обидува да се пробие на пазарот за мобилни уреди кој барем засега е во рацете на британскиот производител ARM.

Неколку од мобилните процесори како на пример A8 на Apple и Tegra K1 според своите перформанси се приближуваат до послабите процесори за десктоп и лаптоп компјутерите. Tegra К1 колку за пример има слични перформанси со десктоп процесори од 2011, а досега оваа процесорите за овие уреди вообичаено според перформансите доцнеа по 7-8 години зад десктоп процесорите, вели Android Headlines.

Популарноста на хибридните комјутери, лаптоп и таблет во едно им овозможија на производителите да ги користат M-процесорите во овие уреди. Со нив се добиваат подобри перформанси и продуктивност на овие уреди, а со тоа и поголем број на процесори кои ги испорачува на производителите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии