Intel ја претстави новата Xeon платформа

Intel ги претстави новите Skylake-SP, Xeon процесори. Компанијата се надева дека перформансите се доволни за корисниците да заборават на новата Epyc платформа на AMD. Имињата на процесорите во серијата се имиња на метали. Достапни се: Bronze, Silver, Gold и Platinum.

Xeon SP (SP e за скалабилна платформа), доаѓа со максимални 28 јадра и 56 тредови (thread). Компанијата ветува дека оваа генерација во просек е 1.65 пати побрза од претходната. Кога вештачката интелигенција е во прашање перформансите се и подобри. Новата серија е 2.2 пати побрза од претходната…

AnandTech веќе направи први тестови и споредби на процесорите од Intel и AMD. Резултатите се блиски. Xeon е побрз во дел од тестовите, Epyc е побрз во други тестови. Најголема предност на AMD барем во моментов е цената, за половина од парите корисниците добиваат приближни перформанси.

AMD’s EPYC 7601 чини 4.200 долари, а Intel’s Xeon 8176 над 8.000 долари.

„Иако сè уште не сме го тестирале AMD процесорот во еден сокет е уште поатрактивен. Се лини дека единечниот EPYC 7551P ќе биде подобар од многу dual Silver Xeon решенија. Epyc на еден сокет ви дава 8-јадра повеќе со слична брзина, додека AMD нема да има недостаток поради крос сокет комуникација, а плочите за серверите ќе бидат поедноставни и поевтини. За сите кои внимаваат на цената ова е одлична опција“, вели AnandTech.

Xeon Platinum процесорите пак сепак ќе им бидат попривлечни на корисниците на кои цената не им е пресудна. За извлекувањето на максимумот од Xeon не е потребно преголемо нагодување на хардверот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии