Intel и Nokia отвараат лабораторија за 3D мобилен проект

Лабораторија, или Intel and Nokia Joint Innovation Center, се наоѓа во Универзитетот Оулу во Финска, каде е стартуван RealXtend проектот со отворен код со која се креираат 3Д виртуелни светови. Еден од партнерите на RealXtend е и Nokia.

„Креирањето интерфејс што е слично до интеракција во реалниот свет може да понуди искуства кои се повеќе природни и интуитивни, на ист начин на кој модерните игри и филмови се привлечни преку користењето на реалистична 3Д графика.“ се вели во соопштението.

Целта на лабораторијата е во наредниве три години да направи продукт кој ќе ја искористи моќта на процесорите и графиката која ја има во денешниве мобилни телефони за да понуди поинаков интерфејс, но и Nokia и Intel да станат конкурентен играч на мобилниот пазар.

Една од можните области за истражување се технологиите кои прикажуваат 3Д холограми на луѓето со кои зборувате на телефон, „можност која се појавува само во научно-фантастичните филмови.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии