Intel го претстави 10 нанометарскиот Ice Lake процесор

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Intel

Љубителите на хардвер имаат причина да бидат возбудени. Оваа недела во Лас Вегас се одржува CES, најголемиот саем за електроника. Своја презентација имаше Intel кој претстави дел од можностите на 10 nm Ice Lake процесор. Веројатно уште повозбудлива вест е дека првите процесори и уреди со овие процесори ќе се појават оваа година.

Процесорите доаѓаат со новата Sunny Cove архитектура. Intel во процесорите додава и Thunderbolt 3, Wi-Fi 6, и DL Boost (подобри перформанси за „deep learning“).

Засега за првите уреди има време, и се чини дека ќе мора да почекаме речиси цела година, до следните новогодишни празници. Веројатно еден од првите уреди со новите процесори ќе биде лаптопот на Dell, XPS кој беше дел од презентацијата на Intel. Повеќе податоци за ова веројатно ќе добиеме со конференцијата на Dell.

Но, дотогаш Intel ќе нѐ држи преокупирани со нови процесори од 9-та генерација. Токму дел од овие процесори Intel ги претстави на истиот настан на CES. За разлика од i9 процесорите кои беа претставени претходно, овојпат компанијата претстави процесори за поширока примена. Пред сѐ тука е помоќната H-серија за лаптопи од бизнис класа. Овие процесори доаѓаат веќе во првата половина на 2019 година.

Целата презентација на Intel може да ја погледнете на видеото подолу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии