Intel го комплетираше купувањето на McAfee за 7.68 милијарди долари

„Intel и McAfee веруваат дека денешниот пристап до безбедност не е соодветен за милијардите на нови интернет-спремни уреди, вклучувајќи PC-ија, мобилни и безжични уреди, телевизии, автомобили, медицински уреди и ATM машини. Со растот на сајбер опасности, обезбедување заштита во различниот онлајн свет, што бара фундаментален нов пристап кој вклучува софтвер, хардвер и сервис. Заедно, двете компании ќе работат да обезбедат повеќе безбедност за целосно да се искористи потенцијалот на компјутерите и поврзаноста.“

</надополнување>

Најголемиот произведувач на чипови Intel ја купи една од водечките безбедносни фирми McAfee за 7.68 милијарди долари во кеш.

Целта на аквизацијата е да се подобри безбедноста, вели Intel. МcAfee ќе продолжи со работата, но ќе биде филијала на Intel која ќе се води под Intel-овата софтверска група.

„Имаме многу активност во развивање на поврзани уреди… од поврзани телевизори до мобилни уреди. И кога погледнуваме во нашиот бизнис, гледаме дека безбедноста е број 1 одлуката при купувањето производи. Веруваме дека можеме да ја подобриме безбедноста со хардверот и да дојдеме до подобро решение.” вели Рене Џејмс, главната во Intel-овата софтверска група за Reuters.

Покрај креирање на безбедносни сервиси, многумина ја оценуваат аквизацијата како можност за Intel да ги добијат другите компании кои се бават со безбедност на паметни телефони претходно купени од McAfee или пак да ја подобрат безбедноста на Meego мобилниот оперативен систем. Во секој случај Intel е сигурно заинтересиран како за мобилни проекти така и за „облакот“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments