Intel ги претстави 18 јадрените i9 Extreme Edition процесори

Дејан Соколоски

во feature, Хардвер

Intel го претстави новиот 18-јадрен i9 процесор. Компанијата се надева дека процесорот од 2.000 долари ќе успее да ги убеди корисниците да не го менуваат Intel за АMD.

Процесорот i9-7980XE доаѓа со работна фреквенција од 2.6 GHz, и можност за Turbo Boost 2.0 до 4.3 GHz. Со Turbo Boost 3.0 процесорот може да работи на 4.4 GHz. За жал, во овој случај работат единствено двете, најбрзи јадра. Ова покажува дека процесорот од Intel е добар и со големи оптоварувања, па можеби ќе може да се користи и за играње игри. Секако, од процесор од 2.000 долари очекувате подобри перформанси, а сепак се надеваме дека никој нема да го користи исклучиво за гејминг. Најдобриот гејминг процесор (исклучиво по перформанси во моментов) останува Core i7-7700K.

Image courtesy of Intel

Прв достапен ќе биде 12-јадрен Core i9-7920X кој излегува на 28 август. Останатите 14-јадрен, 16-јадрен и 18-core Core i9 процесори излегуваат на 25 септември.

Она што ќе биде интересно е да ги видиме првите резултати од практичните тестови. Во теорија, процесорот на AMD Threadripper би требало да функционира подобро при повеќе тредови, а на голем товар, предност ќе има i9. Сепак за поточни проценки ќе почекаме до крајот на септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии