Intel ги преполови цените на quad-core

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Најголемата компанија за производство на чипови Intel, денеска ги објави новите цени на своите quad-core процесори кои во одредени случаи достигнаа и намалениe до 50 проценти. Ова намалување на цените следуваше по објавувањето на новите модели на Celeron и Core 2 Duo процесорите.

Новите цени најверојатно најпрвин ќе го зафатат само американскиот пазар, а по кратко време ќе можеме да очекуваме и нивно распространување на останатите пазари ширум светот.

Новите цени за моделите Core 2 Quad Q6700 2.66 GHz и quad-core Xeon X3230 2.66 GHz се 266 US долари, 50% намаление од 530 долари.

Kaj Celeron процесорите пак на Celeron 430 1.80 GHz му беше претставено намаление од 23 проценти (од 44 на 34 US долари), а dual-core Celeron E1200 на 1.60 GHz доби намаление од 19% (од 53 на 43 долари).

Xeon 3085 3 GHz беше намален од 266 на 188 долари (29%), а Intel Core 2 Duo E6850 3 GHz од 266 на 183$ или 31 процент.

Останатите модели за кои беа претставени нови цени се:
– Pentium dual-core E2200 2.2 GHz – 12% (74 долари)
– Pentium dual-core E2180 2.0 GHz – 14% (64 долари)

Новопретставените чипови dual-core Celeron E1400 2 GHz и Celeron 570 2.66 GHz беа објавени по цена од 53, односно 134 US долари. Core 2 Duo E8300 со 6MB кеш на 2.83 GHz и E7200 (3 MB кеш на 2.53 GHz) добија цени од 163 и 133 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии