Intel ги повлече своите часовници oд страв да не ги изгорат корисниците

Intel ги отповика своите паметни фитнес часовници, и ги повика сите корисници да престанат да ги користат Basis Peak часовниците. Станува збор за проблеми со прегревање. Проблемот е толку лош што Intel се плаши дека уредите можат да ги изгорат корисниците, па дури и да им направат пликови.

Компанијата во целост ќе им ги врати парите на сите корисници кои купиле Intel фитнес часовник. По намалувањето на продажбата на компјутери и процесори Intel се обидува да ги прошири своите услуги, но првиот обид е неуспешен. Бројот на повредени корисници на часовникот е околу 0,2 отсто од вкупниот број на продадени часовници, но Intel објави дека повлекувањето е задолжително. Цената на Basis Peak часовниците е помеѓу 140 и 300 долари.

„Си надевавме дека со надградба на софтверот ќе го надминеме проблемот. За жал, и покрај нашите напори, не успеавме да пронајдеме решение без да го нарушиме корисничкото искуство. Како резултат на ова, бараме од вас да го вратите Basis Peak часовниците и додатоците, за целосен поврат на средствата. Ова е тешка одлука, но безбедноста е наш приоритет“, велат од Intel.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии