Intel ги објави Атом чиповите

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Вчера компанијата Intel ги објави своите нови "Aтом" процесори кои главно се планирани да се користат во мобилни интернет уреди (џебни компјутери). Чиповите беа објавени во Шангај за време на настанот "Intel Developer Forum". Проектот кој до сега носеше кодирано име "Silverthorne" е успешно завршен со објавување на пет варијанти на процесори.

Од 800 MHz до 1.86 GHz и просечна моќ од 160 mW до 220 mW овие процесори ќе бидат имплементирани со Intel System Controller Hub за да создадат нова платформа за користење во новите мобилни интернет уреди кои се планира да бидат објавени од компании како Lenovo, Panasonic, Microsoft и други. Овие уреди ќе користат Windows или Linux оперативни системи.

Револуционерните чипови на Intel се дизајнирани со цел да користат помалку енергија и да обезбедат подолг живот на батеријата. Архитектурата на чиповите е дизајнирана од нула и при процесот е користена Intel-овата формула за 45 нанометарски транзистори.

Процесорите користат h86 инструкциски сет со што се овозможува извршување на комплексни компјутерски програми кои бараат ресурси како Adobe Photoshop, Flash и други.

Атом чиповите се најмалите и најбрзите чипови под 3 W кои Intel ги има создадено до сега.

Повеќе информации за овие чипови може да пронајдете на сајтот на Intel: http://www.intel.com/technology/atom/index.htm

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии