Intel Edison е компјутер со големина на SD картичка

Преносните компјутери добиваат неочекувано засилување. На CES 2014 Intel го претстави својот микро-комјутер Edison кој е спакуван на плочка со големина и изглед на SD-картичка. Компјутерот е со двојадрен Quark процесор, а има и Wi-Fi и Bluetooth конекција. Оперативниот систем на Edison е Linux, а за него е изреботена и специјална верзија на Wolfram. Моќта на компјутерот е споредлива со Pentium десктоп компјутерите oд 1998 година, но овој пат со навистина минијатурна големина.

На презентацијата Intel покажа и дел од можностите на Edison со Mimo Baby стартапот на MIT, со производи кои треба да помогнат на родителите за мониторирање на бебињата. Во овие производи Edison е сместен во играчки кои ги испраќаат своите податоци во чашите за кафе на родителите каде LED диодите ќе светат црвено и зелено во зависност од задоволството на бебето. Друга апликација пак автоматски ќе го вклучува загревањето на млекото во цуцлата доколку бебето е незадоволно бидејќи се приближува времето за јадење.

Intel засега нема да се вклучи во трката за преносни комјутери, но нуди награден фонд од 1,3 милиони долари за најдобрите идеи на девелоперите кои ќе имаат најдобри производи за овие уреди. Првата награда ќе добие 500.000 долари, а Edison ќе биде достапен од средината на 2014 година.

[youtube]w_GRbLD5gHY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии