Intel Core i7-7700 и i7-7700K имаат проблем со прегревањето

Intel ги советуваше сопствениците на Core i7-7700K да престанат со оверклок на процесорите. Сопствниците на не-К и на К-серијата се жалеа дека температурата на процесорот достига до 90 целзиусови степени. Ова не се случува кај сите корисници, но дел од сопствениците стравуваат од овие гранични температури.

„Зошто некои процесори се загреваат повеќе од другите? Велите дека Intel не советува оверклокување, зошто тогаш воопшто ја продавате K-серијата? Дали се зафркавате со нас?“, вели ZeoxZariX на форумот на Intel.

Она што можеби е позагрижувачко е одговорот од Intel. Производителот едноставно советуваше да не го симнуваат интегрираниот заштитен поклопец, но и да не го оверклокуваат процесорот над пропишаните вредности, бидејќи ќе останат без гаранција. Intel додаде дека нивните тестови не покажале ништо што не е нормално однесување на процесорот. Секако корисниците на форумот на производителот се бесни и бараат од Intel ако ништо друго, барем да ги замени.

„Во овој момент со овие температури поради температурните скокови нема простор за повисока работна фреквенција. Ова се должи на температурите кои чиповите ги имаат дури и со фабричките нагодувања“, пренесува The Register.

Незадоволството на корисниците најмногу е поради периодот од три месеци во кој Intel ги тестираше овие поплаки. На крај да им одоговори со одговор кој можеше да го даде и по неколку дена, па дури можеби и веднаш. Наместо да се обиде да ги реши проблемите, Intel само ги потсети корисниците дека нема да важи гаранцијата ако ја прекршиле. Поради ова воопшто не изненадува што дел од корисниците се заканија дека ќе го сменат својот процесор со Ryzen.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии