Intel Atom "на квадрат"

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Во месец Октомври на пазарот ќе се појави првиот двојадрен Intel Atom процесор. Првенствено наменет за малите лаптоп системи (notetops), како и мини десктоп системите (nettops), од овој процесор се очекува да донесе значителен скок на перформансите на системите базирани на него.

Работниот такт изнесува 1.6 GHz,
собирницата 533 MHz,
a 45 nm производствен процес
овозможи имплементација на 1 MB деллив второстепен кеш. Поддржана меморија е DDR2 533 MHz.
Потрошувачката на овој процесор е 8 W.

Процесорот ќе e достапен интегриран на матични плочи со Intel 945GC и ICH7 чипсети.

{mosimage}

Овие плочи, произведени во mini-DTX form factor (димензии 200×170
mm), содржат се што е потребно за
креирање на мини мултимедиски систем. Во 945GC чипсетот е интегриран GMA950 графичкиот акцелератор, а изборот на останатите
компоненти зависи од производителите на плочата.

Конкретно моделот ECS Atom 330 Dual Core P945GC располага со еден мемориски слот, што значи
максимални 2 GB меморија. По еден се и стандардниот PCI слот и IDE приклучокот, додека за SATA се предвидени два.
Флопито е изоставено, но тоа не би требало да го сметаме за недостаток. На задниот
панел приметуваме 4 USB порти, со опција за нивно проширување преку два
конектори на плочата за дополнителни лимчиња со порти. Класика: гигабитен мрежен,
сериски и паралелен приклучок. И неизбежните два PS/2 приклучоци за
глувче и тастатура.

{mosimage}

Аудио секцијата е со аналоген 6
канален излез, но на самата плоча има и конектор за лимче со S/PDIF интерфејс. Поради
тоа чуди и отсуството на DVI приклучок за монитор, покрај стандардниот D-SUB.

Особено поради филозофијата на
системите базирани на овој процесор – мултимедија, интернет, офис апликации и
сл.
Останува да видиме дали ова ќе
биде исправено во наредните модели на матични плочи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии