Instant Apps сега се достaпни на Google Play Store

Дејан Соколоски

во Мобилни

Android Instant Apps е нова функционалност на Google Play. Функционалноста овозможува корисниците да можат да ги тестираат апликациите пред да го инсталираат на телефонот. За користење на Android Instant Apps потребна е барем Android 5.0 верзија на оперативниот систем.

Целта е да им се помогне на корисниците да не ја инсталираат секоја апликација која и не е баш потребна. Наместо ова, развивачот на некои апликации може да развие Instant решение. Апликациите кои треба да се најдат на оваа листа се сите апликации кои може да бидат заменети и со веб-страница.

Со Instant апликациите се презема мал дел од апликацијата. Апликацијата се отвора речиси веднаш а потоа остатокот од веб-страницата се отвора во позадина. Искуството е исто како да се користи апликација. Сепак со „Try It Now“ корисницте ќе можат да ја тестираат апликацијата пред да ја инсталираат.

Ако развивате апликации, Android Instant Apps e надградба на постоечките апликации. Користи ист Android API и ист код. Креирањето на модули е овозможено преку Android Studio 3.0.

Оваа функционалност Google ја најави на I/O 2016 година, а сега веќе е достапна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии