Instant API сака да им помогне на програмерите да креираат API за неколку минути

Instant API е нов стартап кој сака да го промени начинот на кој се креираат API-ја. Идејата на стартапот е дека креирањето на API треба да биде значително побрзо и наместо за месеци да станува збор за минути потребни за нивно креирање. Се што девелоперите кој ќе се одлучат да го користат Instant API треба да направат е да го поврзат со базата на податоци и да ги внесат крајните точки. Остатокот го прави Instant API вклучувајќи ја и документацијата. Сервисот подржува датабази креирани со MongoDB, MySQL, Riak, REdis и PostGreSQL и нивно интегрирање во хостираната база-на-податоци-како-услуга.

„Сакаме Instant API да биде првото место каде девелоперите ќе одат кога имаат потреба за креирање на API или кога имаат потреба од надворешни податоци. Во основа веруваме дека секоја успешна компанија, организација и поединец треба да можат да ги споделуваат своите податоци набрзина и едноставно на начин кој најмногу им одговара. Едноставното креирање на API и нивното споделување е една од стратегиите кои ќе го овозможат ова“, велат од Instant API за The Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии