Инсталирајте си Time.mk виџет за WordPress

Борис Кузманов

во Совети

Агрегаторот за вести Time.mk од пред неколку месеци има свој виџет кој сопствениците на веб сајтовите може да го постават и на својата страна. Но, бидејќи сè поголем дел од нашите портали, блогови и останати веб сајтови работат на WordPress платформата, ја развив првата верзија на Time.mk виџетот за WordPress, кој и тоа како ќе им ја олесни работата на поголем дел од корисниците на овие два сервиси.

Time.mk Widget официјално беше објавен на WordPress.org во текот на вчерашниот ден, додека сите забелешки и пријави можете да ги упатите на Github адресата на додатокот.

Процедурата на инсталирање е повеќе од едноставна. Можете да го преземете од http://wordpress.org/extend/plugins/timemk-widget/ и „timemk-widget“ директориумот да го прикачете во wp-content/plugins. Или пак, од менито „Додатоци → Додади нов“ за да пребарувате time.mk.