Инсталирајте си македонски интерфејс за Windows 7 и Office 2010

Mакедонскиот јазичен интерфеjс не е целосен превод на Windows 7 оперативниот систем, но зафаќа доволен број често користени опции од просечен Windows корисник, посебно се корисни за постарата генерација корисници кои не се добро запознаени со ИТ термини на англиски. Oпциите кои не се преведени ќе останат на основниот јазк на Windows-от, претпоставувам за поголемиот дел од вас тоа е англискиот.

Јазичниот пакет за Office 10 е посебно корисен бидејќи има опција за проверка на правописот. Office пакетот ги подржува Word 2010, Excel 2010, Оutlook, PowerPoint и OneNote 2010.

Копчињата „Преземи“ за симнување на македонскиот интерфејс ќе ги најдете најдолу на страните за Windows 7 и за Office 2010, зависно од 32- или 64-битната верзија на Windows која ја користите.

Кликнете со десното копче на глувчето на My Computer иконата -> Properties и од десно ќе видите System Type: … каде пишува која битна верзија е. На кратко, доколку не може да се снајдете, ако имате 4GB или повеќе RAM меморија тогаш најверојатно користите 64-битна верзија на Windows. 32-битната верзија не може да процесира повеќе од 3.5GB RAM меморија.

Откако ќе ги сименете малите фајлови, 16MB за Office и 4MB за Windows се што треба да направите е да ја стартувате апликацијата, да потврдите дека се согласувате и да одлогирате/логирате на Windows.

За Office 10 ќе треба да отидете Start мени на Windows -> Аll Programs -> Microsoft Office Tools… oтворете ја Language алатката и одберете македонскиот јазик.

Microsoft вели дека овие алатки се само за легални копии на Windows/Office, но се инсталираат и на пиратските верзии, за кои што Microsoft вели дека се инсталирани на околу 67% од комјутерите на македонските корисници.

9 коментари на “Инсталирајте си македонски интерфејс за Windows 7 и Office 2010

  1. zdravo

    ne mozam da instaliram proofing tools za office 2010, iamm windows 7, MK language interface pack instalirav, i pak ne mi pravi spel check na makedonskiot tekst
    ima nekoj nekoja ideja ?
    fala odnapred

    Kristijan

  2. Goodbytes, можеби си некој стручњак за компјутери, ама линвистиката се гледа дека ти е слаба страна. (Пред)дефинирани, на пример, не е македонски збор, а во секој случај default не значи тоа.

    Како и да е, факт е дека не постои установен превод на македонски на компјутерскиве термини. Имаше некои обиди, излезе и еден речник на времето, ама прашање е колку луѓето му обрнуваат внимание. Интересно би било да се види колку се користел тој речник при преводот на корисничката „меѓуврска“.

    Треба да го прашаме Тото Тентов, може на каменот од Розета ги има и овие изрази што не` мачат…

    П.С. ужасно се нервирам што на македонскава тастатура ги имам сите српски букви (ћ, ђ) а ги немам македонските и со цртка и е со цртка. Тоа ти е, ФИРОМ.

  3. Малку да ве исправам: http://en.wikipedia.org/wiki/X86 – „Although most x86 processors used in new personal computers and servers have 64-bit capabilities, to avoid compatibility problems with older computers or systems, the term x86-64 (or x64) is often used to denote 64-bit software, with the term x86 implying only 32-bit.“

    А вие сте напишале: “…ако имате 4GB или повеќе RAM меморија тогаш најверојатно користите x84 т.е. 64-битна верзија…“ x84 не постои, или x86, или x64, а претпоставувам во статијата треба да стои x64. :)

    И прегледувајте вакви грешки, ништо не ве чини ако уште еднаш го препрочитате текстот и да го проверите од вакви грешки пред да го објавите.

    Инаку, да се вратам на темата: од преводиве користам само Proofing за македонски јазик. :)

  4. Само еден екран ми е доволен да го потврди мојот претпочитан јазик за кориснички интерфејси: англискиот. :-)

    Горе во скриншотот го гледам терминот: „Поставете ги вашите стандардни програми“. Но, "default programs" = преддефинирани програми, а не стандардни. „Стандард“ е збор со сосем друго значење (на пример, воспоставена норма, ратификуван или признаен метод или спецификација, формализиран систем кој се применува врз некаков ентитет, и слично).

    Од друга страна, „преддефиниран“ значи „фабричка вредност“, или нешто што доаѓа само по себе, додека не се промени од корисникот.

    Понатаму, "Change AutoPlay settings" е преведено со „Променете ги параметрите на Автоматско пуштање“. Но, settings се подесувања, додека параметри се нешто сосем различно (атрибути, вредности кои се праќаат како дел од операција и слично). Потоа, „play“ не е пуштање, а „автоматско“ се пишува со мала буква, иако во случајов веројатно треба да означи име на процесот.

    Не велам дека други не треба да се префрлат на македонски кориснички интерфејс. Велам дека мене не ми одговара од барем две причини: а) ќе треба да ги „учам“ повторно командите кои веќе ги знам, и б) преводот не е (и веројатно никогаш нема да е) доволно прецизен за да го пренесе значењето на командите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии