Instagram воведе нови правила за омразата и голотијата

Instagram објави нови правила за користење кои се прва промена откако компанијата беше преземена од Facebook. Овојпат не се работи за приватноста на корисниците, ниту за реклами, туку за почитување помеѓу корисниците. Instagram сака да го намали сексуално експлицитни содржините и да ја спречи омразата и малтретирањето на корисниците.

„Сакаме Instagram да продолжи да биде автентично и безбедно место за инспирација и изразување. Помогнете ни да ја негуваме оваа заедница. Објавувајте единствено ваши фотографии и видеа и секогаш следете го законот. Почитувајте ги сите на Instagram и немојте да ги спамирате останатите корисници или да објавувате голотија“.

Според Instagram, сепак станува збор единствено за промена на јазикот со кој се интерпретирани правилата, тонот е поостар, но правилата остануваат исти. Ако порано правилото беше немојте да бидете лоши сега велиме, немојте да ги малтретирате луѓето, само тонот е посилен, објаснува Ники Џексон Колако од Instagram.

Една од промените кои ќе бидат имплементирани се однесуваат на најголемата контраверзност, односно забрана на било какво прикажување на женски гради. Новите правила велат дека фотографии на кои се прикажани резултати од масектомија или мајка која го храни своето бебе отсега се дозволени на платформата. Сепак кога се во прашање на уметнички фотографии на кои се споделува голотија, забраната останува, иако се чини малку правилата ќе бидат малку „полабави“.Од Instagram признаваат дека во минатото критичарите претерувале и доаѓало до претерано отстранување на содржина. Сепак мора да се признае дека задачата на Instagram не е воопшто лесна, сервисот има над 300 милиони корисници, а секоја недела до нив пристигаат над 100.000 жалби. Дел се поради сајбер-насилство, дел поради коментари, но дел се и поради голотија на фотографиите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии