Instagram со принт копче може да заработи 720 милиони долари

Ако Instagram додаде „print“ копче со кое корисниците би си нарачале испринтана копија од својата фотографија, ќе може да заработи 720 милиони долари, вели основачот на CanvasPop Адриан Саламуновиќ за Fast Company. Овие проценки г. Саламуновиќ не ги вади од памет, напротив, неговата компанија успешно заработува мулти-милионски приходи со принтање на дигитални фотографии.

Откако Facebook го купи Instagram во 2012-та година, се чинеше дека апликацијата за фотографии ќе биде интегрирана во друштвената мрежа. Но, основачот Кевин Систром беше решен да го оддржи три-годишниот Instagram самостаен за да продолжи со растот. Затоа, пред недела дена, г. Систром објави дека на Instagram ќе има визуелни реклами за да го направат бизнисот профитабилен. Но, за да се избегне револтот од корисниците, следеше и најава дека овие реклами ќе бидат од само неколку брендови, само во САД и ќе бидат дизајнирани така да не го уништат корисничкото искуство на апликацијата, чија едноставност и чистиот дизајн беше и причината за нејзината популарност.

Instagram е во уникатна положба со луксуз да се грижат на продуктот пред да водат грижат за приходит, вели г. Саламуновиќ кој од своето познанство со основачот Систром, знае дека тој повеќе се грижи за корисничкото искуство, отколку за парите. „Можеби затоа имаат толку уникатен продукт“, вели г. Саламуновиќ.

Но, со најавата за визуелните реклами, фокусот на апликацијата која надмина 150 милиони корисници полека се движи кон правање пари. А кога имате верна публика која го сака вашито продукт, потенцијалот за правење пари е огромен – од нешто очигледно како реклами до нешто покреативно како принтање на дигитални фотографии, што, како што пишува Fast Company, полека станува 1-милијарда-вреден бизнис.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии