Instagram по грешка ги откри лозинките во URL

Пропуст во алатката за преземање на историјата и податоците од Instagram за дел од корисниците значеше проблеми и со лозинките. Кај овие корисници лозинките се појавија во url како текст.

Кога корисниците ја преземале својата Facebook историја, дел од url-то биле и лозинките. Пропустот е опасен за сите корисници кои пристапиле до податоците од јавни компјутери или од компјутери до кои имаат пристап повеќе корисници. Ова значи дека секој што го користел истиот компјутер имал пристап до лозинката.

Вакви ненамерни пропусти се случуваат, но ако навреме се откријат не се премногу опасни. За среќа се чини дека таков беше случајот и овој пат.

Според податоците на Facebook, ниту еден профил не бил компромитиран поради пропустот, пренесе Naked Security.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии