Instagram најавува дека наскоро ќе воведе реклами, ако сé оди според планот популарниот сервис за споделување фотографии ќе ги добие првите реклами уште на почетокот од следната година, објави Емили Вајт за Wall Street Journal.

„Сакаме да  заработиме на долг рок, но чувстваме притисок тоа да биде веднаш“, изјавува Емили Вајт. Се чини дека изјавата е и според плановите на Facebook, откако компанијата во декември најави дека бара начин за монетаризирање на Instagram.

Популарната платформа за споделување на фотографии засега не заработува од реклами, но аналитичарите веруваат дека компанијата може солидно да заработува. „Instagram може да заработи стотици милиони долари и денес, но потребна е голема моќ за рекламирање, а рекламите можат негативно да влијаат на корисниците“, вели аналитичарот Брајан Веслер.

Претпоставките се дека рекламите на Instagram ќе бидат фокусирани околу Discover опцијата со која се промовираат популарни содржини, која во иднина слично како и кај Facebook може да додаде свои препорачани фотографии. Освен оваа тука е и можноста рекламите да се уфрлат во пребарувањата, а дел од можните клиенти се заинтересирани и за поставување на линкови на сликите кои ќе ги однесат корисниците до нивните страни. Без разлика на изборот, од Instagram најавуваат дека сакаат едноставно решение, за разлика од рекламната стратегија на Facebook.

Вметнувањето на реклами беше извесно откако компанијата достигна бројка од 100 милиони корисници кон крајот на февруари и влегувањето на Facebook како сопственик на компанијата. Од тогаш команијата го зголеми и бројот на корисници за 50 отсто и сега  имаат 150 милиони посетители.

Ќе биде интересно да видиме како корисниците ќе реагираат на најавата за реклами, откако беа прилично гласни при воведувањето на промени во правилата за користење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии