Instagram одсега и на веб, но со ограничени можности

Kонечно Instagram се префрли и на веб, па така сега директно од вашиот прелистувач ќе можете да го уредувате вашиот профил. Со оваа транзиција, од Instagram сакаат пристапот да им го овозможат на повеќе корисници, а со истото тоа и откривање на нови интересни корисници.

Исто така, доколку сте корисник на овој сервис, знајте дека вашите фотографии ќе станат јавни и ќе може да бидат видливи од сите корисници, без разлика дали го користите веб профилот или не. Сепак, доколку изберете вашите фотографии да бидат приватни, тогаш тие ќе бидат видливи само за најавените корисници.

Преку веб сервисот кориниците ќе може да го уредуваат својот профил, но засега нема можност да прикачувате фотографии, пребарување и „news feed“ во кој ќе можете да ги прегледувате фотографиите на останатите корисници. Ќе забележите дека Instagram на веб наликува многу на Facebook Timeline, но можеби ова е почеток на интеграцијата во друштвената мрежа која го купи сервисот за фотографии.

1 коментар на “Instagram одсега и на веб, но со ограничени можности

  1. Можит да се инсталират Инстаграм и на Chrome, од Chrome web store, и е многу слична како од телефоните, за тие што не знаат :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии