Instagram наскоро ќе го откачи Foursquare во корист на Facebook Places

Instagram наскоро би можел да започне да ги користи Facebook Places наместо Foursquare. Сепак барем засега единствено се тестира можноста за замена на бесплатното Foursquare API, со она на матичната компанија.

Една од причините за ова е што доколку има 10.000 Instagram фотографии во денот од некоја локација сигурно е дека станува збор за популарно место. Доколку ова се поврзе со периодот во кој се фотографираат најмногу од сликите, ќе може да се види и која е причината за ова. Ова е една од причините што податоците од Foursquare се толку барани, вели Fast Company.

„Постојано тестираме најразлични искуства во апликацијата за да обезбедиме најквалитетна услуга, ова е дел од плановите за иднина. Foursquare е одличен партнер а корисниците ќе можат и понатаму да ги споделуваат чекирањата од Instagram“, изјави портпаролот на Instagram.

Сепак тоа што најмногу ќе ги инересира корисниците е колкава е разликата помеѓу Foursquare API и Facebook Places. Foursquare редовно ги ажурира своите промени, и токму поради ова најголем дел од стартапите и апликациите го користат API-то на Foursquare. Освен Instagram тука се Microsoft, Uber, Vine, Pinterest и уште куп други стартапи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии