Instagram надмина 100 милиони корисници по само 28 месеци од стартувањето

Instagram објави дека сега има 100 милиони корисници секој месеци. Но, ова достигнување, вели основачот Кевин Систром, не се должи на квалитетната и едноставна апликација за споделување фотографии, туку на ангажираната заедница.

„Сега, повеќе од било кога, луѓето го сликаат светот во реално време преку Instagram – споделувајќи фотографии од најдалечните ќошови на светот. Тоа што го гледаме како резултат е свет поповрзан и разбран преку фотографии.“

Приказната на Instagram е само по себе неверојатна. Апликацијата првин стартуваше во октомври 2010-та година како eксклузивна iPhone апликација која нудеше забавни филтри за брзо едитирање на фотографии. Беше квалитетна и тоа и донесе 30 милиони корисници по првата година, по што следеше и Android верзија која им донесе еден милион корисници во првите 12 часа. Тогаш им падна во очи на Facebook кои го купија за нешто над 700 милиони долари. Instagram се појави на сите весници и сите блогови кои очекуваа Facebook да го проголта стартапот, како што го направи тоа со другите аквизиции. Но, Instagram остана независен, иако сè уште нема детали како Facebook ќе го искористи. Промоцијата и квалитетот на апликацијата си го направија своето и му донесоа 100 милиони активни месечни корисници по само 28 месеци од стартувањето.

Од неодамна полека стартува и веб верзија која е лимитирана бидејќи, како што вели основачот Систром, Instagram е направен да се користи во движење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии