Instagram сега има Stories, исто како Snapchat

Instagram воведе нова функционалност наречена Stories, која не го позајмува само името од истата функционалност на Snapchat, туку е идентична копија. Слично како и на Snapchat, Stories ќе траат 24 часа и можат да бидат долги до 10 секунди. Корисниците можат да споделат фотографии и видео директно од камерата или од последните 24 часа од галерија. Како и на Snapchat може да се додаваат налепници, текст или емотикони. Пристап до содржината имаат сите корисници на кои им е дозволено да ја видат.

Копирањето од Snapchat го призна и Кевин Систорм во интервју за Techcrunch. „Не мислите ли дека Snapchat направи одлична работа? И Facebook направи одлична работа. И Instagram направи одлична работа. Мислам дека сите овие компании завршија одлична работа. Некои луѓе измислуваат работи, и ние измислуваме работи“, вели г. Систорм. „…прашањето е што ќе направиш со тој формат, и како ќе го претставиш пред луѓето со твој спин“?

Се чини дека новата функција е мотивирана од желбата да им помогнат на корисниците да започнат да споделуваат повеќе фотографии и видео, а не само одбрана содржини. Иако изгледа дека Instagram ја креираше оваа функционалност за слики кои „не се доволно добри“, сепак споделувањето на повеќе слики кои потоа ќе бидат избришани сепак ќе ги задржи корисниците подолго на платформата.

„Со Stories корисниците нема да мораат да се грижат дека постираат премногу. Сликите и видеата ќе исчезнат по 24 часа и нема да се појавуваат нито во профилот, ниту во фидот“, објаснуваат од Instagram.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии