За тинејџерите Instagram e поважен од Facebook

На Instagram има 120.000 македонски корисници. Од нив 20.000 се тинејџери на возраст од 13 до 18 години. На Facebook, пак, можеме да таргетираме над 700.000 македонски корисници според платформата за реклами. Од нив, околу 70.000 се тинејџери. Бројките не откриваат ништо неочекувано. Околу 10% од корисниците се тинејџери, и тие се побројни на Facebook. Сите се на Facebook и тоа е статистички факт.

(За популарноста на Instagram дискутираме и на #ИТН, подкастот за информатика, технологија и наука, креиран во соработка помеѓу IT.mk и Радио МОФ) Facebook е мејнстрим. Instagram не е и покрај своите 400 милиони корисници. Instagram, кој, иронично, е во сопственост на Facebook, е друштвена мрежа каде фотографиите се единствената содржина. Во интернет култура каде селфито е крал, разбирливо е дека ќе биде поинтересна, барем во светот. Според анкета на Piper Jaffray направена со над 9.000 американски тинејџери од 13 до 19 години, една третина од тинејџерите ја означиле Instagram како најважната друштвена мрежа. Потоа следи Twitter со 20%, и Snapchat за кој се изјасниле 19% од испитаниците. Популарноста на Facebook пак опаѓа постепено од 2013-та година.

Wall Street Journal пишува дека други истражувања, пример на Pew Research, откриваат дека Facebook сè уште е најкористената друштвена мрежа. Но, исто така се додава дека тинејџерите се револтирани што на мрежата има сè поголем број возрасни, вклучувајќи ги и нивните родители.

instagramvsfb

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии