Instagram e една од најбрзо растечките iPhone апликации

Instagram се појави во продавницата за апликации на Apple само пред девет месеци и денес е една од најпопуларните апликации кои се имаат појавено на iOS платформата. Апликацијата ви овозможува со вашиот iPhone, iPad и iPod Touch да сликате на многу лесен начин, да примените некој филтер, и готовите фотографии да ги споделите со вашите пријатели.

До сега има седум милиони корисници, кои имаат закачено над 150 милиони фотографии, а најинтересното е тоа што зад Instagram има само четворица вработени. Доколку продолжи да расте со ова темпо, Instagram за една година од своето постоење ќе има 200 милиони фотографии. Според официјалниот блог на Instagram, корисниците моментално споделуваат 15 фотографии во секунда. Instagram сега за сега е достапен само за iOS платформата, а може да се преземе бесплатно од продавницата за апликации на Apple.

За се’ поголемата попуралност на Instagram покажува и фактот што многу познати ѕвезди започнаа да ја користат оваа апликација. Меѓу нив се и Снуп Дог и Џастин Бибер, чија прва Instagram слика предизвика лавина на нови корисници. Покрај мејнстрим ѕвездите, Instagram си најде место и кај алтернативните бендови, меѓу кои и The  Vaccines, кои направија спот користејќи само слики од Instagram.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии