Instagram барал две милијарди, Закерберг ја спуштил цената на една милијарда долари

Кога првпат слушнав дека Facebook го купи Instagram, не бев изненаден што некој го грабна популарниот сервис за споделување фотографии, туку бев изненаден пред се од цената. Тогаш ми се чинеше дека 1 милијарда долари за компанија со 13 вработени и 20 милиони корисници е премногу. Но, сега таа зделка изгледа неверојатно добра бидејќи дознаваме дека основачот на Instagram, Кевин Систром, првично барал двојно повеќе, две милијарди долари!

Wall Street Journal објави текст во кој детално го објаснува процесот на договарање меѓу двете компании, воден од основачот на Facebook, Марк Закерберг. Прво што зачудува е што биле потребни само три дена да се договорат двата основачи, и двајцата помлади од 30 години.

Зделката била скоро готова пред бордот на Facebook да дознае за неа. Според извор, на бордот му било само „кажано, не консултирано“ дека го купуваат Instagram. Закерберг контролира 57 отсто од гласачките права во бордот, што му ја дава целата моќ иако е сопственик на само 28 отсто од акциите.

Весникот го потврдува тоа што многумина го претпоставија кога се откри зделката. Закерберг бил загрижен што Instagram забележа милион симнувања за само 24 часа откако ја објави својата Android апликација, што го исплашило бидејќи Facebook заостанува со иновациите во своите мобилни апликации иако ги користат скоро половина од 800-те милиони корисници.

Секако најинтересен момент во целата приказна е цената. Иако Систром барал 2 милијарди долари, Закерберг кој сакал да го купи сервисот со акции, го запрашал дали верува дека Facebook еден ден ќе ќе вреди како Google, околу 200 милијарди долари. Според него еден отсто од вредноста ќе биде дадено за Instagram. Се чини дека Систром е скептик и мисли дека Facebook може „само“ да биде 100 милијарди долари вредна компанија. Изворите велат дека Закерберг морал да му вети на Систром дека Instagram ќе остане независна и под Facebook.

По зделката, утредента Закерберг повторно се логирал на Instagram, сервис кој не го користел од јуни, и објави слика од своето куче Ѕвер со кратка порака „еве го спие на крајот на креветот“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии