Dell претстави нови лаптоп компјутери. Ова секако не е никаков новитет, но Inspiron Chromebook 14 е прв Chromebook уред од висока класа од Dell. Ова не е ниту прв Chromebook од Dell, но е најдобриот кој го претставиле досега.
Уредот е 2 во 1 хибрид и според хардверот ќе биде конкурент со Pixelbook на Google. Inspiron Chromebook 14, доаѓа со FHD дисплеј на допир и електронско пенкало.
За разлика од најголем дел од Chromebook компјутерите, овој доаѓа со солиден хардвер. Inspiron има i3-процесор; Intel UHD 620 графичка картичка; 4 GB RAM меморија; 64 или 128 GB eMMC диск, и доволно голема батерија за до 10 часа работа помеѓу полнењата.
Овој Chromebook на Dell нема преголема конкуренција. Хардверот е подобар од најголем дел од уреди, а сепак компјутерот е поевтин од Pixelbook кој е прескап за најголем дел од корисниците.
Inspiron Chromebook 14 ќе биде достапен во продажба од 23 октомври, а цената на основниот модел е 600 долари. Ова секако не е евтин уред, но е значително поевтин од Pixelbook чија цена се движи од 1000 до 1650 долари.