Инспекторат на Град Скопје со помош на дронови ќе открива загадувачи

Дејан Соколоски

во Вести

Инспектори на Град Скопје со помош на дрон идентификуваа лице кое врши сплаување на органски материјал. Снимката направена со помош на дронот го „фатила“ моментот во кој лицето го пали стрништето. Станува збор за прекршок по Законот за управување со отпад, а казната изнесува 1000 евра, пишува Аko.mk.

Град Скопје за првпат користи дрон за оваа намена, но најавено е дека ќе биде користен во иднина. Засега ќе биде користен за идентификување на загадувачите иако во иднина би можело да има и друга примена. Дронот се користи за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот, велат од Град Скопје. Леталото е  опремено и со камера за ноќно летање и во зависност од потребите ќе биде користено и во текот на ноќта.

Градот Скопје со цел поголема ефикасност на градскиот инспекторат и подобра контрола на теренот особено во борбата против аерозагадувањето реализираше јавна набавка за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот.

Со тоа, Градот има можност за користење на услуга за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони на градот. Дроновите не се користат секојдневно туку по потреба, а посебно во периодите на поголема загаденост или според проценка на надлежен инспектор дека има потреба за проверка со дрон на теренот. Дроновите овозможуваат поефикасна контрола на теренот, а минатата недела токму со дрон беше лоцирано лице што пали стрниште“, велат од Град Скопје.

Користењето на дронови засега е новитет во Македонија, но и во регионот. Минатата година полицијта во Косово дел од непристапните патишта ги  надгледуваше со дронови, а повеќе стартапи од регионот, па и од Македонија работат на технологија која ќе им помогне на земјоделците да ја следат состојбата на своите пластеници, ниви или овоштарници со помош на дрон. Пред неколку години Матеј Плавевски, тогаш ученик во основно училиште, претстави проект на дрон кој ќе се користи за детектирање на загадувачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии