Inside the Dark Web: погледнете го одличниот документарец на BBC за глобалното прислушување

Дваесет и пет години откако беше креирана светската мрежа, се соочивме со најголемата контроверзија во постоењето на Интернетот – прислушувањето. Вака BBC го најави својот нов документарец Inside the Dark Web од Horizon серијалот во кој се разгледува како властите со леснотија ја следат секоја наша активност на Интернет.

Ако пред само две години глобалното прислушување беше само „теорија на заговор“, сега благодарение на поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, дознавме дека прислушувањето е многу поголемо отколку што можевме да замислиме. Американската Национална агенција за безбедност (NSA) и нивните британски колеги GCHQ собираат и анализираат неверојатни количества информации од сите активности на Веб – од имејл комуникации до битторент симнувања до здравствени состојби, сите се анализирани од машини и компјутери кои не гледаат и препознаваат навики во однесувањето. Но, постојат хакери и организации кои им се спротиставуваат во борбата водена во „темниот интернет“. Таму војната за приватност започнува со криење на идентитетот и тргување со нови дигитални валути кои ветуваат анонимност.

(Документарците на BBC се закачени на BBC iPlayer кој не е достапен во Македонија, и за кој ви треба прокси, но може да се најде на YouTube)

[youtube]fTjNkbLBEqg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии