ИНОФЕИТ започнува програма за поддршка на иновации кај студентите

На крајот на март Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ објави дека започнува да поддржува создавање иновативни продукти и решенија во рамки на студентската програма. Програмата е дел од Innovations in Smart Anything Everywhere, а станува збор за своевиден натпревар на кој ќе учествуваат студенти од различни факултети.

Следната недела, на 16 април ќе се одржи промоција на програмата во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На оваа презентација ќе бидат повторно објаснети условите за учествување и текот на натпреварот.

Крајниот рок за пријавување е на 10 мај.

„Наша цел е да ги стимулираме студентите да работат на иновативни идеи и да направат нешто што може да се покаже и да функционира, нешто што има мерлива вредност. Правилата налагаат еден тим да има најмногу 5 студенти од различни единки на УКИМ, да поднесат јасно елаборирана идеја и листа со потребна опрема за нејзина реализација. Потоа, жири комисија (составена од професори од УКИМ, претставници од индустријата и компании кои поддржуваат правење бизнис со кои ИНОФЕИТ има блиска соработка) ќе селектира шест тимови кои ќе добијат соодветни ментори и ќе работат на идејата. Секој тим може да добие до 30.000 денари за опрема“, објасни професорот Владимир Атанасовски.

Тимовите кои ќе бидат примени на своите проекти ќе работат во текот на летото. Во септември проектите ќе бидат презентирани пред комисија на ИНОФЕИТ. Тимовите кои ќе се одлучат да креираат стартап компанија ќе добијат поддршка од ИНОФЕИТ.

Сите заинтересираните повеќе податоци за програмата може да пронајдат на веб страницата  на ИНОФЕИТ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии