Injustice 2 е потврдена за PC, бетата одложена

До пред некој ден, само се шушкаше за тоа дека Injustice 2 би можела да дојде и на PC, но, по се изгледа, гласините се точни и сите оние кои се желни за лични пресметки со ликовите како Batman, Aquaman, Flash или Wonder Woman, ќе можат да навлезат во интерактивните рингови уште од оваа есен. Дигиталните верзии ќе бидат испорачувани или преку Steam или преку Windows Store.

Во меѓувреме, од Warner Bros. ветија дека PC гејмерите ќе можат да гризнат дел од играта преку бетата. Таквото нешто требаше да биде овозможено од 25.октомври, но сега-за-сега, се чини одложено.

Injustice 2 е развиена од NetherRealm Studios, но за PC портот се задолжени QLOC, истото студио кое беше задолжено за верзијата на Mortal Kombat X. Injustice 2 ги следи настаните од првата игра, Injustice: Gods Among Us. Двојката зрачи со нови борбени механики и бизарна приказна со некарактеристични страни на вашите омилени суперхерои. Од мај наваму, NetherRealm Studios ги има збогатено конзолските верзии со ликовите Starfire, Red Hood и Sub-Zero, со ветување дека ќе пристигнат уште нови супер херои.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии