Информирајте се за вашите и-мејл контакти со Rapportive

Проверка на вашиот и-мејл е секојдневна активност и често добивате мејлови од луѓе за кои не знаете апсолутно ништо. Љубопитните ќе се обидат да дознаат нешто повеќе за лицето така што ќе копаат на интернет, но што доколку сакате таквите информациите вам да ви се сервираат?

Rapportive го работи токму тоа. Се интегрира со вашиот Gmail акаунт така што додава панел преку кој можете на брзина да видите слика од лицето кое ви го испратило мејлот, каде работат, кои им се нивните друштвени профили, како и дали се наоѓа во близина. Ваквото нешто е од исклучителна корист и друштвените мрежи се пропратени со линкови за инстантно вмрежување, а дознавање на локацијата отвора услови за поефикасно организирање средби. За додатен увид, панелот може да прикажува интереси на лицата и нивни најнови твитови, а можете и да оставате забелешки во форма на потсетници за подоцна.

untitled

Нормално, пред да и дозволите на паранојата да ве преземе, имајте во предвид дека Rapportive не работи на црна магија туку обично ги користи информациите кои јавно сте ги поставиле на друштвените мрежи за да може да генерира извештаи од ваков тип.

Доколку постојано ја користите услугата на Gmail верувајте ни дека ваквите екстензии се исклучително корисни и во моментот кога ќе почнете да употребувате Rapportive нема да можете лесно да го оставите.

Кога сме на слична тема кажете им збогум на постојаните логирања, благодарение на SessionBox, а и запомнете и завршете ги вашите обврски со помош на Тodoist.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии