Инфографик: Стартапите со два ко-основачи се најуспешни

На првите 25  места кога е во прашање бројот на претприемачи по глава на жител, нема развиени држави; секој 18-ти жител на планетата е претприемач; 52 отсто од вработените во Alibaba се жени и слични интересни податоци покажува инфографикот на DealSunny.

Можеби е изненадување што во државите во развој поголем број на луѓе се решаваат да основаат стартап. Објаснување за ова е дека во овие држави нема други можности, па луѓето мора да се снаоѓаат. Сепак по сите останати параметри: од бројот на канцеларии за соработка, до број на успешни стартапи, првите места се заземени од развиените држави.

Можеби очекувано најголем број на стартапи во кои се инвестира се: софтверски компании, следи забавната индустрија и можеби помалку неочекувано биотехнологијата. Иако бројот на претприемачи е позастапен во државите во развој, кога се во прашање најдобрите локации нема изненадување. На прво место е Силициумската долина, па следат: Њујорк, Лос Анџелес, Бостон и Тел Авив на првите 5 места. Интересно најголем број на успешни стартапи имаат два ко-основачи.

За повеќе интересни инфорации разгледајте го инфографикот.

entrepreneurship-infographic-1*Special thanks to Declan Etheridge for sharing this Iconographic with us

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии