Инфографик: Како заработуваат најголемите технолошки компании

Од што и како заработуваат петте најголеми технолошки  компании во светот? Најверојатно одговорот на ова прашање ви е познат. Изворот на приходи за дел од овие компании доаѓа од слични сектори: продажба на хардвер, реклами и сервиси и слично. Visual Capitalist го претстави ова во одличен инфографик.

 

http://www.visualcapitalist.com/chart-5-tech-giants-make-billions/

Највредната компанија Apple, најмногу заработува од продажбата на хардвер. И тоа 63% од приходите доаѓаат од продажбата на iPhone. Ова секако не може да биде изненадување, со оглед на тоа дека iPhone со секој нов уред постигнува нови рекорди. По телефонот следат Mac компјутерите и сервисите како Apple Music и AppStore со 11%, а по ова следи iPad со 10%. Во 2016 година приходите на Apple биле 216 милијарди долари, а заработката 46 милијарди.

Ако ги погледнеме изворите на приходи на Alphabet, не е изненадување што компанијата се обидува да инвестира и во нови гранки. Дури 88% доаѓаат од рекламите преку Google AdWords и YouTube. Останатите 11% се од Google Play, Android и продажбата на Pixel уредите. Во 2016 година компанијта заработила 19 милијарди долари. Сепак, во иднина дел од технологиите како вештачка интелигенција, автономни возила и слично, најверојатно полека ќе ги менуваат изворите на заработка на Alphabet.

Microsoft најмногу заработува од сервисот Office, дури 28%. Од Windows Server и Windows Azure, во компанијата доаѓаат 22% од приходите, а од продажбата на Windows, компанијта остварува 9% од приходите. Од производството на хардвер, Microsoft најмногу заработува од проджбата на Xbox конзолата, од која доаѓаат 11% од приходите, а од Surface компјутерите единствено 5%.

Amazon најголем дел од своите приходи, дури 72% заработува од продажбата на производи од веб продавницата. По ова следат Amazon Media (рекламите) со 18% и Amazon Web services сo 9%.

Најголемата друштвена мрежа најголем дел од своите приходи остварува преку реклами. Графикот е речиси копија на графикот на Alphabet со тоа што Facebook речиси и да нема друг извор на приходи, од рекламите доаѓаат дури 97% од приходите.

Alphabet, Amazon, Apple, Facebook и Microsoft се пет технички компании кои вредат над 500 милијарди долари. До неодамна на ова листа беа единствно компании од САД. Од оваа недела им се приклучи и првата азиска компанија, кинескиот Tencent. Компанијата е проценета на над 510 милијарди долари и го помина Facebook, пренесе Reuters.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии